Дома Трансфер зона Готово: Дрекслер во ПСЖ, ќе се офајди и Шалке

Готово: Дрекслер во ПСЖ, ќе се офајди и Шалке

Јулијан Дрекслер беше еден од најбараните фудбалери во зимскиот преоден рок, а неговиот трансфер во ПСЖ и официјално ќе биде потврден следната недела.

Германски „Билд“ тврди дека Волфсбург ќе добијат 36 милиони евра со уште потенцијални 10 милиони евра на сметка на бонуси, но од целиот трансфер добро ќе заработи и Шалке.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата од Гелзенкирхен минатата година го продаде Дракслер, а Волфсбург тогаш плати исто така 36 милиони евра. Но, Шалке се осигура со клаузула според која во случај на нова продажба на играчот, ќе треба да добие дополнителни 7 милиони евра.

Така и дефинитивно е решена една од најголемите трансфер мистерии оваа зима, а Дрекслер сигурно ќе биде еден од најскапите јануарски трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …