Дома Трансфер зона Геце ја напушта Борусија, следна дестинација Шпанија!?

Геце ја напушта Борусија, следна дестинација Шпанија!?

Како што пренесуваат одредени германски медиуми, фудбалерот на Борусија би можел да ја напушти татковината и да се пресели во Шпанија.

Марио Геце, своето име го изгради во Борусија Дортумнд, за потоа да премине во редовите големиот ривал Баерн Минхен, а минатото лето се врати во Дортмунд. Сепак, во текот на неговиот втор мандат во дресот на „милионерите“ му беше откриена миопатија, метаболичко пореметување кое влијае на мускулите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неодамна беше објавено дека се опоравил и дека се вратил на тренинзите, а сега би можел да ја промени средината.

Имено, за неговите услуги интерес покажа шпанска Севиља.

Севиља оваа сезона се засилува бидејќи наредната сезона ги чекаат предизвиците во Лигата на шампионите, а до сега ги ангажираа Евер Банега од Интер и Џордан Амави од Астон Вила.

Сега, „Санчез Писхуан“ би можел да добие фантастично засилување во средниот ред во ликот на Марио Геце.  На Геце потребен му е клуб каде што ќе биде стандарден, за после болеста да се наметне кај селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, пред Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…