Дома Фудбал Англија Гвардиола призна: Ако продолжам вака, нема уште долго да бидам во Сити!

Гвардиола призна: Ако продолжам вака, нема уште долго да бидам во Сити!

Манчестер Сити вчера беше елиминиран од Арсенал во полуфиналето од ФА Купот, што и официјално значи дека „граѓаните“ без ниту еден освоен троеј ќе ја завршат сезоната.

Пеп Гвардиола ова лето пристигна на „Етихад“ и очекувањата беа големи, а шпанскиот стратег за прв пат откако е тренер нема да освои трофеј во една сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп е севесен дека доколку го продолжи ваквиот тренд нема долго време да остане на кормилото на „граѓаните“.

„Доколку не освојувам пехари, нема да бидам долго тука. Сезона без трофеј не е добра сезона. Го знаев тоа во август, судбината на тренерот зависи од резултатите“, изјави Гвардиола.

„Знам какви беа моите стандарди во минатото кога се во прашање титулите, знам каков е притисокот на моите рамења и треба да се справам со тоа“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…