Дома Трансфер зона Гвардиола на запира – пристигнуваат уште четворица

Гвардиола на запира – пристигнуваат уште четворица

Шпанскиот стратег е многу искрен, далеку од тоа дека Сити го заврши трансфер периодот. Допрва пристигнуваат засилувања..

Гвардиола до сега ги доведе Едерсон, Бернандо Силва, Кајл Вокер и Даглас Луиз. Но, на некој начин, тоа е само почеток. Не е тајна дека практично е договорено доаѓање на Данило од Реал Мадрид, Бразилецот ќе биде платен 30 милиони евра, плус пет милиони бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп не крие дека бара уште три или четири играчи. Она што е сигурно е дека му е потребен трет голман, но тоа нема да бие голема инвестиција. Ќе доведе и лев бек, и понатаму не се откажува од Менди од Монако за кого „Кнежевите“ бараат 45 милиони евра, изгледа дека „Граѓаните“ ќе ја платат таа сума.

Англиските медиуми шпекулираат дека тоа значи крај за Александар Коларов на „Етихад“ и дека тој е блиску до Рома. Но, таа приказна малку е невобичаена, пред се, поради примањата кои ги има, исто така, прв избор на Римјаните е и младиот и евтин Барек од Торино.

Менди ќе биде прв избор на левиот бек, а Данило може да игра и лево и десно, па јасно е дека Србинот на својата природна позиција има малку простор за игра.

На која позиција се уште Гвардиола бара играчи?

Пред се, потребен му е уште еден стопер, и понатаму се споменуваат низа на имиња, пред сите Вергилиј Ван Дајк, но треба да се почека, бидејќи се знае дека Пеп најпрво би го довел Лапорт од Билбао.

И на крајот, можно е да пристигне некој млад играч како Леон Горецки, чиј договор истекува во 2018. година. Алексис Санчез најверојатно отпадна, но нема да биде проблем „Граѓаните“ да ја почекаат следната сезона и да го земат како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…