Дома Топ вести Гвардиола го сака НЕГО по секоја цена!

Гвардиола го сака НЕГО по секоја цена!

Шпанските и англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола го посочил 24-годишниот фудбалер на Атлетико, Коке, како фудбалер кој може да ги реши проблемите кои Сити ги има во средниот ред.

Резултатите на Манчестер Сити не се на нивото на кое се очекуваше со доаѓањето на Гвардиола, а проблемите се зголемија со повредата на Илкај Гундоган за кого според некои прогнози оваа сезона е завршена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трансферот на Коке нема да биде лесен за реализација дури и за финансиски моќен клуб каков што е Манчестер Сити. Откупната клаузула која во договорот ја има шпанскиот репрезентативец изнесува 150 милиони евра.

Според медиумите во Шпанија и Англија, Атлетико и да се согласи да го продаде Коке, кој со Гризман е највлијателниот играч во тимот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…