Дома Трансфер зона Гвардиола го отпиша – Арсенал и Ливерпул го сакаат!

Гвардиола го отпиша – Арсенал и Ливерпул го сакаат!

Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт кој е на позајмица во Торино оваа сезона, на лето ќе се врати на „Етихад“, но готово сигурно нема да остане меѓу „граѓаните“.

Англиските медиуми тврдат дека Џо Харт е на мета на неколку премиерлигаши, а Гвардиола нема проблем да го пушти во некој од дирекните конкуренти за титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најсилен интерес во моментов покажуваат Ливерпул и Арсенал. „Црвените“ бараат замена за Мињоле и таму сигурно Харт би бил прв голман, додека во Арсенал ќе мора да се бори со Петр Чех.

Сепак, сите клубови кои го сакаат Харт во своите редови мораат да спремат 100.000 фунти неделно, бидејќи толку изнесува неговата плата во Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…