Дома Трансфер зона Во Дортмунд го губат трпението: Ќе почекаме уште неколку денови!

Во Дортмунд го губат трпението: Ќе почекаме уште неколку денови!

Пјер-Емерик Обамејанг секојдневно е мета на многу трансфер шпекулации, а во последно време најмногу се зборува дека за него се заинтересирани Милан и Челзи.

Обемејанг минатата сезона беше најдобар стрелец во германската Бундеслига и веќе неколку години е најдобар фудбалер на Борусија Дортмунд. За негово заминување од овој клуб се шпекулира секое лето, но љубителите на фудбалот се повеќе од сигурни дека Габонецот ова лето ќе ја промени средината.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во медиумите се шпекулира дека интерес за овој напаѓач покажале Челзи и Милан. Меѓутоа спортскиот директор на Дортмунд, Ханс-Јоаким Вцке изјави дека на адреса на германскиот клуб сеуште не е стигната ниту една понуда.

„Не сме добиле ниту една понуда за Обамејанг. Ќе почекаме уште неколку денови, но не повеќе од тоа. Искрено, би бил среќен доколку остане, но ќе видиме што ќе се случи. Јасно е дека постoјат клубови кои му нудат поголема плата од она што можеме ние да го понудиме“, изјави Вацке.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…