Дома Фудбал Англија Во Арсенал се по „СТАРО“ – Eден од најдобрите „топџии“ го очекува долга пауза!

Во Арсенал се по „СТАРО“ – Eден од најдобрите „топџии“ го очекува долга пауза!

venger

Арсен Венгер во нови проблеми.

Еден од најдобрите фудбалери во редовите на Арсенал на стартот од сезоната, Дани Велбек, ќе мора да оди на подолга пауза, откако се повреди во натпреварот против Челзи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Велбек во дербито против Челзи го напушти теренот поради повреда, а денешните тестови покажаа дека се работи за повреда од посериозен карактер.

Според последните информации, англискиот фудбалер сигурно ќе ги пропушти натпреварите од Премиер лигата против ВБА, Брајтон и Вотфорд, како и натпреварите на англиската репрезентација против Словенија и Литванија, но и натпреварот од Лигата на шампионите кој Арсенал ќе го игра против Црвена Звезда во рамките од третото коло во Лигата на Европа.

Иначе Велбек е прв стрелец на Арсенал во овој момент со три постигнати погодоци, тој има и далеку најмногу удари кон противничкиот гол и по сите статистички парамтери, англискиот репрезентативец е најопасниот фудбалер на „топџиите“ на стартот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …