Дома Трансфер зона Влегоа во Премиер лигата, па сега пристигнуваат две ГОЛЕМИ засилувања

Влегоа во Премиер лигата, па сега пристигнуваат две ГОЛЕМИ засилувања

Екипата на Њукасл од следната сезона повторно ќе биде дел од англиската Премиер лига.

„Страчките“ во Чемпионшип имаа одлична сезона, која на крајот ја крунисаа со враќање во друштвото на најдобрите, а сето тоа од клупата одлично го води Рафаел Бенитез. Тимот од „Сент Џејмс Парк“ има многу добри фудбалери, но ова лето Њукасл би можел дополнително да се засили, а пред доаѓање во овој клуб се двајца многу добри фудбалери.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што стојат работите, нови членови на овој тим ќе станат Елиаким Мангала (Манчестер Сити) и Вилијам Карваљо (Спортинг Лисабон). Мангала е играч на Манчестер Сити. Минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија, но се повеќе е сигурно дека ќе се врати во Премиер лигата. За него, Њукасл е подготвен да плати 15 милиони фунти.

Карваљо би требало да го засили средниот ред на Њукасл. Станува збор за одличен играч за врска кој претходно се поврзуваше со големи гиганти на европскиот фудбал, но според шпекулациите тој најверојатно ќе стане член на Њукасл.

Ќе биде навистина интересно да го гледаме англискиот гигант повторно меѓу најдобрите тимови, бидејќи тој тим го заслужува тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …