Дома Фудбал Виљареал остана без тренер!

Виљареал остана без тренер!

Виљарел одлучи да му даде отказ на тренерот Фран Ескриба после катастрофалниот пораз на гостувањето кај Гетафе.

Виљареал од почетокот на сезоната игра многу лошо, запиша само една победа и дури три порази, па синоќешниот пораз од Гетафе (4:0) беше капка која ја прели чашата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа раководството одлучи да му врачи отказ на тренерот Фран Ескриба, кој со успех го водеше тимот минатата сезона.

„Виљареал одлучи да го раскине договорот со тренерот Ескриба и му се заблагодарува на него и на неговите помошници за нивниот професионализам. Тренингот на тимот кој беше закажан за понеделник во 10 наутро е одложен за 18 часот. Во наредните неколку часа ќе именуваме нов тренер“, стои во соопштението на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…