Дома Македонски спорт Мак фудбал Високите цени го „избркаа“ и Вардар, „Борис Трајковски“, нов дом на црвено-црните?

Високите цени го „избркаа“ и Вардар, „Борис Трајковски“, нов дом на црвено-црните?

Управата на фудбалскиот клуб Вардар револтирана од високите цени за користење на арената „Филип Втори“ одлучи македонскиот шампион својот домашен натпревар против Ренова во следното коло да го игра на стадионот „Борис Трајковски“, во населба Маџари.

На стартот да потсетиме дека и ФК Работнички поради истата причина своите домашни натпревари одлучи да ги игра на стадионот во Ѓорче Петров.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, дневен теремин за еден натпревар на нашиот најголем стадион изнесува 3.000 евра, додека доколку натпреварот се игра во вечерен термин и под рефлектори таа сума изнесува 6.000 евра. Вардар за натпреварот против Зенит од Лигата на Европа плати огромна сума од 40.000 евра.

Од клубот сеуште не ја прокоментираа ваквата одлука, па останува отворено прашањето дали се работи за одлука која ќе важи во текот на целото првенство или пак само за натпреварот кој се игра наредниот викенд.

Сепак, кога во прашање се натпреварите во Европа, Вардар нема поинаква опција и ќе мора да настапува на „Филип Втори“, бидејќи тој е единствениот стадион во нашата држава кој ги исполнува критериумите на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…