Дома Фудбал Англија (Видео) „Топџиите“ паднаа во Британија, Хесе стрелаше на дебито!

(Видео) „Топџиите“ паднаа во Британија, Хесе стрелаше на дебито!

Во второто коло од Премиер лигата не очекуваше и едно изненадување, екипата на Арсенал запиша пораз на гостувањето против Стоук.

Натпреварот помеѓу Стоук и Арсенал беше последен во денешната програма, а во него се радуваа домаќините. Единствениот гол на натпреварот беше дело на новото засилување на Стоук Хесе Родригез кој стрелаше на стартот од вториот дел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Избраниците на Венгер иако беа подобар противник на теренот никако не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на Бутланд, па така „топџиите“ мораа да се помират и со првиот пораз во сезоната.

Да потсетиме, Арсенал во првото коло запиша победа против тимот на Лестер со резултат 4:3. Во следното коло „топџиите“ ги очекува големото дерби против Ливерпул, додека Стоук ќе игра против тимот на ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…