Дома Останати Кошарка Видео: Сан Антонио и Кливленд поведоа со 2:0

Видео: Сан Антонио и Кливленд поведоа со 2:0

Кливленд и Сан Антонио ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2:0 против Индијана, односно Мемфис, во првото плеј коло во НБА лигата.

Кливленд. кој во првиот натпревар едвај славеше над Индијана, во вториот нешто полесно стигна до победата. Актуелниот шампион славеше 117:111. „Големата тројка“ на Кливленд комбинираше 89 поени во победата. Кливленд имаше 19 поени предност, Индијана на 100 секунди до крајот се доближи на негатива од четири коша, но како и во првиот натпревар немаше сили за пресврт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ирвинг постигна 37 поени, Лав имаше 27 поени и 11 скокови, а Џејмс заврши со 25 поени, 10 скокови, 7 асистенции и по 4 блокади и украдени топки. Гостите ги предводеа Џорџ со 32 и Тиг со 23 поени.

Сан Антонио забележа уште една рутинска победа над Мемфис. Спарси во вториот меч славеа со 96:82. Ленард повторно блескаше кај Сан Антонио, тој за 40 минути постигна 37 поени, на кои придодаде 11 скокови и две асистенции. Мемфис го предводеше Конли со 24 поени.

Сериите сега се селат во Индијанаполис односно Мемфис каде ќе бидат одиграни наредните два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…