Дома Фудбал Репрезентации Видео: Пет погодоци и победа на Германија против Австралија!

Видео: Пет погодоци и победа на Германија против Австралија!

Денес со почеток од 17:00 часот својот натпревар во рамките од Купот на Конфедерациите го одиграа Германија и Австралија, а славеше репрезентацијата на Германија со 3:2.

Германците на овој турнир пристигнаа во комбиниран состав и без најголемите ѕвезди на тимот, но сепак на првиот натпревар успеаа да запишат победа. Штиндл уште на стартот во петата минута постигна гол за водство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водството на Германците траеше се до 41 минута кога Том Рог постигна гол за изедначување, сепак само три минути подоцна Јулијан Дракслер од пенал ја врати предноста за неговата селекција.

Како и во првиот дел, но овој пат после само три минути игра Горецка погоди и за 3:1. Конечните 3:2 ги постави Јурич во 56 минута од натпреварот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…