Дома Фудбал Репрезентации Видео: Нејмар блесна, Бразил ја победи Колумбија!

Видео: Нејмар блесна, Бразил ја победи Колумбија!

Фудбалерите на Бразил и Уругвај забележаа победи, додека Аргентина и Чиле останаа без триумф во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија.

Бразил предводен од Нејмар славеше во дербито против Колумбија со 2-1. Со оваа победа Бразилците се искачија на второто место на табелата зад Уругвај, а поради подобрата гол разлика се пред Аргентина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар уште еднаш го предводеше Бразил до триумф, по неговиот центаршут капитенот Миранда го отвори резултатот во втората минута. Колумбијците израмнија со авто голот на Маркињос во 36 минута. Конечниот резултат го постави Нејмар на 15 минути до крајот на мечот.

Аргентина без Меси и Кун Агуеро успеа да освои само бод кај аутсајдерот Венецуела. Домаќините стекнаа два гола предност преку Хуанпи и Мартинез, а бод за Аргентина спасија Прато и Отаменди.

Уругвај убедливо го порази Парагвај со 4-0. Два гола постигна Кавани, а по еден Рамирез и Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …