Денес со почеток од 20:45 часот Македонија го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство до 21 година и тоа против репрезентацијата на Португалија.

Иако ова беше трет пораз за нашите момци (2:4) никако не смееме да бидеме разочарани од нивното издание на ова Европско првенство во кое добивме исклучително тешка група.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалците рано уште во втората минута погодија за водство преку Едгар Ле, а веќе во 24 минута Брума погоди за зголемување на предноста. Голот кој внесе надеж во нашата репрезентација го постигна Енес Барди на пет минути пред крајот на полувремето.

Во вториот дел Поденце во 57 минута зголеми на 3:1, а стрелец на голот за 3:2 за нашата селекција беше Кире Маркоски во 80 минута. Конечните 2:4 ги постави Брума со својот втор гол на натпреварот во втората минута од судиското продолжение.

Кај Португалците исклучување во 93 минута заработи Џота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …