Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд декласиран во Лос Анџелес!

Видео: Кливленд декласиран во Лос Анџелес!

Само Голден Стејт успеа да победи во НБА лигата од водечките три екипи на табелата. Вориорси славеа над Милвоки, додека Сан Антонио загуби од Мемфис, а Кливленд беше декласиран од Клиперси.

Мемфис го совлада Сан Антонио 104:96. Мајк Конли со 18 поени, 7 скокови и 6 асистенции, односно Зек Рендолф со 18 кошеви беа најефикасни кај Мемфис, додека Сан Антонио го предводеа Каваи Ленард со 22 и Ламаркус Олдриџ со 21 поен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стеф Кари постигна 28, а Клеј Томпсон 21 поен во убедливиот триумф на Голден Стејт над Милволки. Голден Стејт е лидер на табелата, а против Милвоки ја забележа 55-та сезонска победа.

Клиперси му нанесоа тежок пораз на актуелниот првак Кливленд 108:78. Блејк Грифин со 23 поени и 13 скокови го предводеше тимот кој се наоѓа на петтата позиција во Западната конференција.

Хјустон ја држи третата позиција на Западот, а изминатата ноќ, предводен од Џејмс Харден славеше во Денвер 109:105. Хардаен го забележа 19-и трипл дабл, тој постигна 40и на кои придодаде по десет скокови и асистенции.

Резултати:
Оклахома – Сакраменто 110:94
Атланта – Портланд 97:113
Шарлот – Вашингтон 98:93
ЛА Клиперс – Кливленд 108:78
Чикаго – Јута 95:86
Мемфис – Сан Антонио 104:96
Денвер – Хјустон 105:109
Голден стејт – Милвоки 117:92

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…