Дома Останати Кошарка Видео: Двоецот Леброн – Ирвинг блесна во Минесота!

Видео: Двоецот Леброн – Ирвинг блесна во Минесота!

Скромна понуда од само три натпревари имаше синоќа во НБА лигата, на кои победи забележаа Кливленд, Чикаго и Сакрамнето.

Кливленд забележа гостинска победа над Минесота 116:108, а двоецот Леброн Џејмс-Кајри Ирвинг искомбинира 50 поени и 21 асистенција. Леброн имаше учинок од 25 поени, 1 асистенции и 8 скокови, а Ирвинг забележа ис број на поени и седум асистенции.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чикаго продолжи да ги тероризира кошаркарите на Торонто, добивајќи го 11-тиот триумф во низа, откако синоќа славеше со 105:95. Најефикасен во домашниот тим беше Даг Мекдермот (20 поени), го следеше Џими Батлер со 19 поени и 12 скока, а колку „Биковите“ беа надмоќни се виде по тоа што во еден момент водеа со 23 поени разлика.

Демаркус Казинс го предводеше Сакраменто до победата над Лејкерси во Лос Анџелес 97:96. Центарот на Сакраменто, одигра уште еден брилијантен натпревар, тој од линијата за слободни фрлања му ја донесе победата на својот тим, а натпреварот го заврши со 40 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Најдобар кај Лејкерси беше Лу Вилијамс со 29 поени и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…