Дома Останати Кошарка НБА Видео: Големи победи на Минесота и Њујорк!

Видео: Големи победи на Минесота и Њујорк!

Минесота го декласира Чикаго, Њујорк го изненади Сан Антонио, Сакраменто славеше во дуелот со Њу Орлеанс, а Детроит победи во Торонто во натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Минесота го декласира Чикаго 117:89, а победата ја најави во првата четвртина која ја доби убедливо со 34:17. Ендру Вигинс со 27 и Карл-Ентони Таунс со 22 поени беа најефикасни кај Минесота, во чии редови добро одиграа Европејците Рики Рубио (17 поени, 11 асистенции) и Немања Бјелица (16 поени).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Детроит го надигра Торонто со 102-101, откако „клиповите“ се вратија со -16 поени и со тројката на Колдвел-Поуп на 13 секунди пред крајот стигнаа до победа. Тобајас Херис со 24 поени беше прво име на средбата и неговите поени во клучната фаза беа одлучувачки. Демар Дерозан со 26 и Јонас Валанчунас, кој постигна 17 поени беа најпозитивни во тимот од Канада.

Њујорк серијата од четири порази на домашен терен ја прекина против еден од најдобрите тимови во лигата, Сан Антонио. Никси славеа 94:90, а Кармело Ентони со 25 и Дерик Роуз со 18 поени беа главни актери меѓу Никси. Каваи Ленард, како и секогаш, со 36 поени и 9 скока беше најпозитивен во тимот на Грег Попович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Балканска доминација во НБА: Познати имињата на тројцата кандидати за МВП наградата

НБА лигата ги објави имињата на тројцат кандидати за МВП во регуларниот дел од сезоната. П…