Дома Фудбал Останато Видео: Големи победи на Италија и Шпанија, европскиот шампион шокиран!

Видео: Големи победи на Италија и Шпанија, европскиот шампион шокиран!

Неколку интересни пријателски натпревари се одиграа синоќа во Европа, а дерби пресметките им припаднаа на гостите. Италија славеше во Амстердам, додека Шпанија ја победи Франција во Париз.

Европскиот шампион Португалија доживеа непријатен пораз од Шведска, откако по половина час со голот на Кистијано Роналдо и автоголот на Гранквист водеше 2:0. Во вториот дел најпрвин Клесон со два гола израмни на 2:2, а победата на Шведака и ја донесе Кансело со автогол во 93-та минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандија ја пречека Италија во Амстердам и потврди дека некогаш фудбалската велесила е во голема криза. Италија победи со 2:1, а трите гола ги постигнаа Италијанците. Најпрвин Ромањоли си постигна автогол, а потоа пресврт направија Едер и Бонучи.

На „Стад де Фрнас“, Франција загуби од Шпанија 0:2. Головите беа постигнати во второто полувреме, најпрвин Кошчелни направи пенал врз Деулофеу, а сигурен реализатор беше Давид Силва, а потоа по грешката на Бакајоко конечниот резултат го постави Деулофеу.

Најдобриот меч го одиграа Русија и Белгија на отворањето на реновираниот Олимписки стадион во Сочи. Натпреварот заврши без победник 3:3. Русија поведе преку Вацин, потоа Белгија направи пресврт со двата гола на Бентеке, потоа Миралас од пенал зголеми на 1:3, но до крајот играчите од клупата Миранчук и Бухаров и обезбедија реми на Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …