Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт ја допре титулата со брејк во Кливленд

Видео: Голден Стејт ја допре титулата со брејк во Кливленд

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се на чекор до освојување на титулата во НБА лигата, откако синоќа направија брејк против Кливленд и поведоа со 3:0.

Кливленд не успеа да слави во третиот меч и сега има ќе му биде потребно вистинско чудо за да ја одбрани титулата. Минатата сезона Кавалирс губеа со 3-1, но на крајот успеаја да ги добијат последните три натпревари и да ја освојат првата титула во клупската историја.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За разлика од првите две средби кога играчите на Голден Стејт како домаќини забележаа две убедливи победи, кршејќи го отпорот на противникот во третата четвртина, третиот меч беше решен во финишот, во последните три минути кога Кливленд едноставно исчезна од теренот и на противникот му дозволи серија 11:0 со која беше решен победникот.

Клучен човек за триумфот беше Кевин Дурент кој мечот го заврши со 31 поен, осум скокови и четири асистенции. Одличен меч одигра и Клеј Томпсон (30 поени), а Стеф Кари имаше учинок од 26 поени, 13 скокови и осум асистенции.

На Кливленд не му помогна ниту брилијантното издание на Леброн Џејмс (39 поени, 11 скокови, 9 асистенции) и Кајри Ирвинг (38 поени).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…