Дома Фудбал Германија Видео: Борусија Дортмунд има „чудо од дете“, но никој не верува дека има само 12 години

Видео: Борусија Дортмунд има „чудо од дете“, но никој не верува дека има само 12 години

Младинската школа на Борусија Дортмунд последниве години произведе неколку одлични играчи, а според последните извештаи од Германија, на повидок е уште едно чудо од дете.

Јусуфа Мукоко во неделата постигна два гола на натпреварот помеѓу Борусија У-17 и Унтрехт. Тоа не би било ништо чудно Мукоко да нема само 12 години. Ни тоа не би било проблем, но младиот Германец на сите фотографии изгледа барем пет, или шест години постаро, што веднаш започна една стара приказна за годините на играчите со африканско потекло.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мукоко е роден 20. ноември 2004. година во камерунскиот главен град Јаунде, а потоа брзо се преселил во Германија.

„Само што се роди го регистрирав во германскиот конзулат во Јаунде, така да нема никакви проблеми. Впрочем, не може да биде постар, бидејќи неговата мајка има само 28 години“, изјави неговиот татко Јосиф кој живее во Хамбург.

Мукако минатата сезона за Борусија У-15 постигна 33 гола во 21 натпревар, а веќе е на широката листа на германската У-15 репрезентација за која наскоро треба да настапи.

Головите на Мукоко на снимката можете да ги погледнете од 2:20.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…