Дома Фудбал Репрезентации Видео: Аргентина заборави да победува, загрозен пласманот на СП

Видео: Аргентина заборави да победува, загрозен пласманот на СП

Ѕвездената репрезентација на Аргентина не успеа да ја победи Венецуела на домашен терен и сега во прашање ја доведе квалификацијата на Светското првенство во Русија.

Ниту новиот селектор Хорхе Сампаоли, кој ја смени формацијата во 3-4-3, со напаѓачкото трио Дибала-Икарди-Меси, не успева да ја „оживее“ Аргентина. „Гаучосите“, изминатата ноќ, на домашен терен одиграа само 1:1 со најслабата репрезентација во групата, Венецуела.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На стадионот на Ривер Плата, Венецуела го шокираше домаќинот со голот на Муриљо во 50 минута. Бод за Аргентина спаси дефанзивецот на Венецуела, Фелшер, кој по ударот на Икарди ја погоди сопствената мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …