Дома Топ вести Веќе е сигурно: ТОЈ ќе биде новата ѕвезда на трансфер пазарот!

Веќе е сигурно: ТОЈ ќе биде новата ѕвезда на трансфер пазарот!

Тимо Вернер блеска во дресот на Лајпциг и германската репрезентација и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за неговиот потпис, бидејќи „кралевите“ во него гледаат идеална замена за Карим Бензема.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Покрај Реал за него интерес покажуваат и многу други европски гиганти, па Вернер призна дека најверојатно следното лето ќе го напушти Лајпциг.

„Не можам да ветам дека ќе бидам овде следната сезона. Играм многу добро за Лајпциг, но јасно е дека во иднина сакам да заиграм за поголем клуб, иако сигурен сум дека Лајпциг наскоро ќе стане голем“, изјави Вернер.

Европските медиуми се сигурни дека Вернер следното лето ќе биде ѕвезда на преодниот рок бидејќи за него интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Милан и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…