Дома Топ вести Верати предизвика земјотрес на Апенините: Интер и Јувентус можат да ме купат!

Верати предизвика земјотрес на Апенините: Интер и Јувентус можат да ме купат!

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати предизвика вистински земојтрес на Апенините и откри во кои клубови во Серија А би можел да игра во иднина.

24-годишниот Италијанец никогаш нема играно во Серија А бидејќи од втората италијанска лига се пресели во ПСЖ, каде се етаблираше во еден од најдобрите плејмејкери во светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес за него се интересираат најголемите европски клубови, а неговата цена според медиумите достигнала до неверојатни 100 милиони евра.

„Да се вратам во Серија А? Серија А е одлично првенство, исто како Шпанија и Англија. Нормално е дека сакам еден ден да се вратам во Италија“, изјави Верати.

„Јас вредам 100 милиони? Не ме интересираат никави цифри. Меѓутоа во моментов во Италија има два тима кои можат да инвестираат толкава сума, Интер и Јувентус. Минатото лето Јувентус инвестираше приближна сума на пари за да го купи Игуаин. Па ако еден ден решам да го напуштам Париз, без проблем би се преселил во Серија А”, заклучи Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…