Дома Топ вести Венгер спрема неверојатен трансфер: Го сака играчот кој е хит во Европа!

Венгер спрема неверојатен трансфер: Го сака играчот кој е хит во Европа!

Марко Асенсио го воодушеви фудбалскиот свет во најголемиот натпревар во светот. Блескаше 20 минути против Барселона (1:3) и во последната минута постигна гол кој ја потврди победата на Реал во Ел Класико.

Навивачите на Реал се воодушевени од игрите на 21-годишниот играч за врска, но шпанскиот и европскиот шампион би можеле да го загубат ова лето. Имено, Асенсио се уште не го продолжи договорот со Реал, а во актуелниот договор има оштетна клаузула од само 80 милиони евра, само бидејќи многумина го гледаат како кандидат за Златната топка во иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Асенсио е многу подобар играч од мене. Тој нема граници. Може да направи чудо во светскиот фудбал“, изјави Гути, легендата на Реал.

Арсенал е подготвен да ја плати оштетната клаузула, а „скржавиот“ Арсен Венгер ќе го сруши клупскиот рекорд за да го доведе. Наводно, Асенсио по Ел Класико побарал итен состанок со лидерите на Реал.

Лондонскиот клуб го привлекува со годишната плата од шест милиони евра, а толкава плата бара Асенсио и во новиот договор со Реал. Во Мадрид е задоволен, но ако наскоро не добие нов договор, би можело во Реал да се случи „случајот Нејмар“, па Асенсио да се пресели во Лондон..

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …