Дома Фудбал Англија Венгер со нов ШОК: Дијаметрално спротивни состави за Лигата на Европа и Премиер лигата

Венгер со нов ШОК: Дијаметрално спротивни состави за Лигата на Европа и Премиер лигата

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, се чини го откри составот кој ќе настапува во рамки на Лига Европа.

Арсенал во првото коло славеше против Келн со 3:1, со тоа што Сеад Колашинац влезе на полувреме и го промени целиот тек на дуелот. Според некои најави, тој нема да игра на преостанатите дуели од групната фаза во ЛЕ и ќе биде исклучиво во составот за премиерлигашките натпревари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најави Венгер дека во Купот против Донкастер ќе изнесе состав сличен на оној против Келн, но исто така истакна дека дуелите во ЛЕ ќе ги играат играчи кои помалку настапуваат во ПЛ и кои не се стандардни.

Така, Давид Оспина ќе брани наместо Петар Чех, а веројатно нема да настапуваат Колашинац, Санчез, Ремзи, Белерин, Џака и Лаказет.

Отприлика составот за дуелите од ЛЕ ќе изгледа вака: Оспина, Холдинг, Метрезакер, Монреал, Белерин, Ивоби, Елнени, Волкот, Маитланд-Најлс, Санчез и Жиру.

Сезоната е долга, распоредот на Арсенал ќе биде се потежок, па Венгер одлучи своите најдобри играчи да ги штеди исклучиво за најважните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…