Дома Фудбал Англија Венгер ОТКРИВА зошто пред 16 години го одбил Манчестер Јунајтед

Венгер ОТКРИВА зошто пред 16 години го одбил Манчестер Јунајтед

venger

Сегашниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, пред 16 години имал прилика да го превземе Манчестер Јунајтед, но Французинот ја одбил понудата да го замени тогаш незадоволниот Фергусон…

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во 2001 година сакал да го напушти Манчестер Јунајтед, откри во својата биографија поранешниот претседател на Јунајтед, Мартин Едвардс, кој во тие моменти преговарал со Арсен Венгер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ активно барале наследник на Ферги, но потоа тој го сменил мислењето и остана во Јунајтед се до 2013 година.

„Останав во Арсенал бидејќи секогаш бев среќен тука. Ја сакам вредноста на овој клуб и за мене тоа е најважно. Еден ден би било добро да разговараме за еволуцијата на двата клуба. Секогаш се прашувам: Да, секако, Јунајтед е атрактивен клуб, но дали сум јас среќен тука? Одговорот е позитивен“, изјави Венгер.

Французинот истакна дека еден ден можеби ќе ги открие сите понуди кои ги имал во изминатите години.

„Доверлив човек сум, но еден ден можеби ќе ги откријам сите контакти кои ги имав за време на мојот престој во Арсенал. Би можел да напишам неколку поглавја“, истакна Венгер.

Потоа Венгер зборуваше за напредокот на Арсенал од кога е тој во клубот, односно од 1996 година.

„Еволуцијата во последните 20 години е навистина интересна. Многу работи се променија. Овој клуб ги изгради вредностите кои јас ги сакам во спортот. Кога пристигнав во Арсенал, во клубот имавме 80 луѓе, а денес таа бројка изнесува 700. Поминувам во клубот, некои луѓе познавам, но поголемиот дел од нив не ми се познати“, заврши Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…