Дома Фудбал Англија Венгер не се откажува: Секако дека имаме шанси за титулата!

Венгер не се откажува: Секако дека имаме шанси за титулата!

venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, зборуваше за амбициите за новата сезона која за „топџиите“ не започна баш најдобро.

Колку и лудо да звучи, Венгер се надева на титула. Да потсетиме, Арсенал сезоната ја отвори со победа над Лестер од 4:3, а потоа запишаа два порази во низа и тоа без даден гол, 1:0 од Стоук и 4:0 од Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секако дека својата екипа ја гледам како кандидат за титулата. Зарем би требало да се откажам после првите три кола? Да, поразот од Ливерпул беше тежок, но да ве потсетам и дека некои други тимови кои ја напаѓаат титулата не се во ништо подобра ситуација од нас“.

„Арсенал има силен тим, дали е подобар од оној од минатата сезона, времето ќе покаже. Мислам дека од минатата сезона можеме да бидеме задоволни, го освоивме ФА Купот и освоивме 75 бодови во првенство. Тоа воопшто не е лошо, се надеваме дека во новата сезона ќе бидеме уште подобри“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…