Дома Трансфер зона Венгер: Белерин сигурно останува во Арсенал

Венгер: Белерин сигурно останува во Арсенал

Менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер истакна дека индината на еден од најдобрите десни бекови во светот, Ектор Белерин е во Арсенал.

Белерин е на радарот на Барселона и Манчестер Сити кои се спремни да платат цело богатство за да го видат во своите реднови, но Венгер истакна дека фудбалерот не е на продажба.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ектор е апсолутно фантастичен. Неговиот напредок е неверојатен кога ќе видиме каква ментална сила поседува. Има уште скоро три години од договорот, но секако сакаме да му понудиме нов. Неговата иднина е во Арсенал, сигурно“, истакна Венгер.

Медиумите на Островот тврдат дека Венгер треба да побрза со новиот договор бидејќи Манчестер Сити и Барселона се спремни да му понудат многу пари за да го привлечат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…