Дома Македонски спорт Мак фудбал Велкоски во интервју за босанските медиуми: Не „бркам“ голови, важни ми се победите (Видео)

Велкоски во интервју за босанските медиуми: Не „бркам“ голови, важни ми се победите (Видео)

Нашиот интернационалец кој настапува во редовите на Сараево, Крсте Велкоски ова лето се врати на Кошево, а во бордиот дрес во босанската Премиер лига постигна три погодоци во новата сезона.

Велкоски со своите соиграчи оваа среда ќе има испит во првото коло од Купот на БиХ и тоа против Младост во Добој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не очекува густ распоред. Сега играме против Младост во Купот, што ќе биде тежок меч бидејќи знаеме за каков противник се работи. Подготвени сме, се надевам на продолжување во низа и премин во второто коло“, истакна Велкоски и продолжи:

„Одигравме два фантастични натпревари, врзавме две победи и сега ќе продолжиме во тој ритам. Се надевам дека во следниот период ќе оствариме што повеќе победи. Овој натпревар пристигнува во добар момент за нас. На почетокот на првенството не бев во завидна форма, но полека се подигнувам како и целата екипа. Ми значи што постигнав два погодоци во последните два меча, тоа од мене и се очекува, но не „бркам“ премногу голови. Најважно ми е Сараево добро да игра и да освојува бодови“, заклучи нашиот Велкоски во дресот на Сараево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …