Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар ја пречекува Барса, Раул нема дилеми: Тие се најголемиот противник!

Вардар ја пречекува Барса, Раул нема дилеми: Тие се најголемиот противник!

Вардар викендов ја пречекува Барселона во дербито од 5-то коло на Лигата на шампиони. Двата тима се непоразени и имаат идентичен скор од три победи и еден нерешен резултат.

„За мене, Барселона е најголемиот противник. Имаат добри играчи со големо искуство. Ако сакаме да победиме, нашата одбрана мора да функционира. И нападот ќе мора да функционира добро бидејќи Де Варгас е многу добар голман“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Во моментов сме еднакви на табелата, имаме исто бодови и затоа ова е важен меч. Верувам дека заедно со нашите навивачи можеме да ја победиме Барселона. На Супер глоуб катастрофално го почнавме мечот, Барселона направи седум голови разлика, после бевме добри, но не можевме да победиме. Во Сегед покажавме дека ако играме добра одбрана, контрата функционира одлично, па најважно е да одиграме добра одбрана“, додаде Раул.

Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона се игра во сабота со почеток од 17:30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…