Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар самоуверено во ЛШ: Сепак ние сме европски шампиони!

Вардар самоуверено во ЛШ: Сепак ние сме европски шампиони!

Европскиот шампион Вардар во сабота ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен од Лигата на шампиони, а во Скопје ќе гостува француски Нант.

„Задоволни сме што победивме против Висла бидејќи секогаш е тешко кога играте таму. Следен противник е Нант, тим што игра добар ракомет, го покажа тоа против ПСЖ, како и против Пик Сегед. Играат добар ракомет, имаат добар голман кој одбрани 22 удара против Пик Сегед. Знаеме дека треба да одиграме добро за да победиме. Очекувам добар меч, Нант игра брзо, секогаш на контранапад, нешто што и ние сакаме да го играме. Ќе биде интересен натпревар“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За дуелот со Нант тренерот на Вардар ќе го има на располагање целиот тим, со исклучок на голманот Страхиња Милиќ.

„Досега сезоната се одвива онака како што посакувавме, победивме на сите натпревари. Атмосферата во тимот е одлична. Следен е дуелот со Нант, како што кажа и Раул, пред нас е незгоден противник, но ние сме шампиони и треба да се однесуваме како шампиони. Одиме на победа. Се надевам дека нашите навивачи ќе дојдат во што е можно поголем број, ние како клуб го заслужуваме тоа“, истакна капитенот Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…