Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го промовираше Панчев: Целта е издигнување на меѓународно ново!

Вардар го промовираше Панчев: Целта е издигнување на меѓународно ново!

Легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Дарко Панчев денес и официјално се врати меѓу „црвено-црните“, каде ќе ја обавува функцијата на спортски директор.

Претседателот на Вардар, Мирко Спасески денеска официјално го промовираше Дарко Панчев како нов спортски директор, функција која остана празна откако Гоце Седлоски ја презеде тренерската палка.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не би сакал да зборувам за тоа што ФК Вардар претставува во мојот живот. Тука започнав, тука пораснав. Возбуден сум што е и нормално бидејќи сум на помошното игралиште каде што почнав да играм“, рече на почеткот на прес конференцијата Панчев.

„Раководството на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко во вистински момент најдоа начин да разговараме. Разговорите и понудата беа коректни и ова што денес се случува е резултат на сето тоа. Во изминатите две недели имав можност да се запознаам со работите и мора да кажам дека во клубот се создадени услови, клубот да се издигне на едно повисоко ниво. Стратегијата која е зацртана, со некои мои идеи, претставува основа да бидат остварени желбите на раководството, навивачите, јавноста“, истакна Панчев.

Приоритет на новиот спортски директор ќе биде Вардар да ги подобри резултатите на меѓународен план, бидејќи како што рече „на домашен план на тимот му оди добро“.

„Планирам да седнам и да разговарам со шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски, да го слушнам неговото мислење за квалитетот на екипата, дали му треба некое засилување, дали евентуално ’снимил’ некој фудбалер кој би бил потенцијално засилување“, додаде Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…