Дома Фудбал Валверде сите ги изненади, ова е напаѓачот кој е добие шанса против Мурсија

Валверде сите ги изненади, ова е напаѓачот кој е добие шанса против Мурсија

Tренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја изненади јавноста со изборот за новиот напаѓач за натпреварот против Мурсија.

Имено, Барселона наредниот натпревар во рамките од четвртото кола во шпанскиот куп го игра на 24 октомври против Мурсија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валверде сигурно во овој натпревар ќе настапи со променет тим, но веројатно никој не очекуваше шанса да добие младиот Хозе Арнаиз, но токму тоа го пренесуваат денес шпанските медиуми.

Овој млад фудбалер игра за „Б“ тимот на Барселона и прикажува одлични настапи, па Валверде одлучил да му даде шанса на 22 годишниот Арнаиз кој во текот на летото пристигна од Ваљадолид за сума од 3.4 милиони евра и потпиша договор на три години.

„Сеуште не размислувам за првиот тим, знам дека морам да се борам за место во „Б“ тимот“, изјави младиот Арнаиз за медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…