Дома Трансфер зона Валверде сака тандем од Премиер лигата и тоа без пари!

Валверде сака тандем од Премиер лигата и тоа без пари!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде има интересен план како да го засили тимот следното лето.

Тренерот на Каталонците уште сега им „фрли око“ на двајца играчи од Премиер лигата на кои им истекува договорот на крајот на сезоната, па ќе се обиде да ги денесе бес обештетување на „Камп Ноу“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Станува збор за Месут Озил од Арсенал и Андер Ерера од Манчестер Јунајтед. И двајцата се уште ги немаат продолжено договорите со своите клубови, а тоа значи дека ќе можат да потпишат преддоговор со друг клуб уште во јануари.

Валверде е симпатизер на играта на Озил и Ерера и верува дека одлично ќе се вклопат во играта на неговиот тим. Притоа, раководството е интригирано од идејата да донесе две нови ѕвезди на „Камп Ноу“ без обештетување.

„Тој е многу интелегентен тренер кој не се базира само на еден стил на игра, туку се адаптира според карактеристиките на играчите. Работев со него една година и навистина ми се допаѓа. Верувам дека ќе има многу успеси во Барса“, изјави Ерера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…