Дома Топ вести Валверде пронајде победничка формула: Ова е причината поради која сите ќе се плашат од Барса

Валверде пронајде победничка формула: Ова е причината поради која сите ќе се плашат од Барса

Никој не можеше ни да замисли дека Барселона толку добро ќе ја отвори новата сезона, особено после поразите од Реал во Суперкупот и заминувањето на Нејмар.

Пред почетокот на сезоната, после поразите во Суперкупот и заминувањето на Нејмар, фудбалската јавност скоро ја отпиша Барселона како сериозен кандидат за освојување на Примера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, после само пет кола во Примера имаме неверојатна ситуација. Реал запиша две ремија и еден пораз, па сега Барселона има 7 боа повеќе на табелата од најголемиот конкурент.

Најзаслужен за добриот старт на Барселона е секако Лео Меси, односно одлуката на Валверде да му ја промени позицијата на теренот. Аргентинецот на три од 5-те меча играше како централен напаѓач и тоа се покажа како полн погодок.

Од таа позиција му даде два гола на Алавес, три на Еспањол и четири на Еибар, додека играјќи на вообичаената десна страна не постигна ниту еден.

Валверде оваа сезона многу ја менуваше формацијата, најмногу поради заминувањето на Нејмар, со цел да го извади најдоброто од својот најдобар фудбалер. Меси ја презеде целата одговорност на себе, па на крајот профитираше целиот тим.

Меѓутоа прашање е колку долго Меси ќе може да ја „носи“ Барселона бидејќи сезоната е многу долга, а играчот кој пристигна како замена за Нејмар, Осман Дембеле се повреди и ќе отсуствува до јануари. Поради тоа многу важно е што побрзо да се опорави Суарез од повредата и да влезе во форма.

Каталонскиот клуб оваа сезона ја започна многу подобро од претходната. Покрај што имаат подобар учинок во нападот, многу се подобри и во дефанзива. Минатата сезона после 5 кола имаа три победи, реми и пораз со гол разлика 14:6.

Оваа сезона Барса доби вистински десен бек со Нелсон Семедо, но и позицијата на Лео Меси и новата тактичка поставеност на Валверде, допринесоа тимот да има поголема оштрина во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…