Дома Топ вести Бурно во Мадрид: Зидан ја сака поранешната ѕвезда на Барса, Перез кажа НЕ

Бурно во Мадрид: Зидан ја сака поранешната ѕвезда на Барса, Перез кажа НЕ

Откако пропадна трансферот на Килијан Мбапе, Зинедин Зидан се сврти кон поранешната ѕвезда на Барселона, на што веднаш се спротиставил претседателот Флорентино Перез.

Имено, главна мета на францускиот стратег во моментов е Алексис Санчез и смета дека Чилеанецот би бил идеално засилување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зидан смета дека Санчез има големо искуство и дека во моментов е поспремен од Мбапе да ја дели минутажата со една од големите ѕвезди во нападот на „кралевите“.

Чилеанецот веќе има настапувано во Шпанија, а притоа може да игра на повеќе позиции во нападот. Зидан смета дека со Санчез ќе има алтернатива како за Роналдо и Бејл, така и за Бензема во врвот на нападот.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез се противи на овој трансфер, бидејќи смета дека не е економски исплатливо да се потрошат големи пари на играч кој има 28 години и на кого договорот му истекува следното лето

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…