Дома Топ вести Браво, тато – сега малиот е среќен!

Браво, тато – сега малиот е среќен!

Минатиот викенд црно-белите од Торино го славеа Скудетото, а додека на стадионот од Јувентус владееше журка и прослава, едно дете во црно-бел дрес беше тажно.

Лоренцо Бонучи, со солзи во очите, излезе на шампионската прослава облечен во дресот од Миралем Пјаниќ. Иако неговиот татко е еден од најзаслужните за титулата на Јувентус и една од најголемите ѕвезди на „Старата дама“, четиригодишниот Лоренцо не се радува на успесите на Јуве како навивач.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малиот навива за градскиот ривал Торини и нема сила која би го преориентирала во фудбалската љубов кон клубот од татко му – лутиот ривал Јувентус. Како вистински ас и спортист, Леонардо Бонучи ја има прифатено навивачката пасија на неговиот син за Торино, па без проблем го води на натпреварите од овој клуб.

А сега се искупи и за тоа што го наговори синчето да го облече дресот од Јувентус на шампионската прослава. Лео го запозна својот син со неговиот идол – Андреа Белоти. Голгетерот од Торино е омилен играч на Лоренцо, па на неговата среќа немаше крај кога тато го запозна со својот репрезентативен колега.

„Вечерва е целосно поинаку, а не како на прославата за Скудетото“, напиша Леонардо на Инстаграм под фотографијата на која се Белоти и малиот Лоренцо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …