Англиските медиуми пренесуваат, а извори блиски до играчот потврдија дека ѕвездата на Монако денес пристигнала во Манчестер на медицински пегледи.
Имено, Бернардо Силва утрово пристигна во Манчестер на медицински прегледи, а потоа ќе стави потпис на четиригодишен договор со „граѓаните“.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Иако Португалецот беше трансфер мета на Жозе Мурињо, сепак Гвардиола успеа да победи во трката и да го донесе плејмејкерот на „Етихад“.
Англиските медиуми пренесуваат дека Сити веќе подолго време бил во преговори за овој трансфер и дека за потписот на Бернардо Силва ќе плати неверојатни 81 милион евра.
Бернардо Силва има 22 година, португалски репрезентативец, а оваа сезона играше извонредно во дресот на Монако и го привлече вниманието на многу европски гиганти.