Дома Топ вести БОМБА од Островот: Роналдо до крајот на неделата го напушта Реал!?

БОМБА од Островот: Роналдо до крајот на неделата го напушта Реал!?

Португалецот е незадоволен од третманот кој го има во „Кралскиот“ клуб после последната афера.

Кристиано Роналдо до крајот на оваа недела би требало да го напушти Реал Мадрид и во спектакуларен трансфер да се пресели во Манчестер Јунајтед.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа потенцијална сензација ја навестува „Manchester Evening News“, истакнувајќи дека главната причина за заминувањето на Роналдо е неодамнешната афера со даночното затајување за кого го испитуваат шпанските власти.

Кога се појави приказната за затајување на данок, против Португалецот во Шпанија се соочи со голема брканица, а тој се чувствуваше недоволно заштитен од неговиот клуб.

Му замери на Реал што не одлучиле да застанат на негова страна, а сегашната ситуација меѓу него и претседателот Флорентино Перез е далеку од идилична. Во меѓувреме, Англичаните ја пренесуваат изјавата која за „El Pais“ ја даде неименуван извор близок со Роналдо.

„Кристиано е лут поради казната од пет натпревари која ја доби, а колку и напорно да работи со екипата, не можеме да гарантираме дека ќе остане. Ќе видиме што ќе се случи до 31. август“

Ова не е прв пат да пишуваме дека Роналдо би можел да се врати во клубот во кој талентираното португалско чудо од дете „порасна“ во најдобар светски играч, заедничко нешто за сите ситуации кога Португалецот беше на излезни врати од Реал е тоа што се појавуваат во моменти кога Роналдо беше незадоволен на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…