Дома Топ вести Бомба: Милан испрати шокантна понуда за ѕвездата на Јувентус!

Бомба: Милан испрати шокантна понуда за ѕвездата на Јувентус!

Италијанскиот медиум „Спортмедиасет“, кој е близок до миланскиот гигант, лансираше вистинска „бомба“ и пренесе дека Милан испратил шокантна понуда до Јувентус за Леонардо Бонучи.

Имено, „росонерите“ ги понудиле Матиа де Шиљо, Алесио Ромањоли и значителна сума на пари (сеуште не се знае точната сума).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа не е се, медиумот тврди дека Милан има комплетен договор со Бонучи, кој ќе стане најплатен фудбалер во Серија А со 7 милиони евра по сезона плус бонуси.

Дефанзивецот кажал ДА на понудата на „росонерите“, а Јувентус побарал 72 часа за да се изјасни за понудата.

„Бјанконерите“ се заинтересирани за Де Шиљо, а Ромањоли минатата сезона покажа дека е еден од најталентираните стопери во Европа и за него Милан одби понуда од Челзи од 50 милиони евра.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката на „старата дама“, но доколку се реализира оваа трампа, тоа сигурно ќе предизвика „земјотрес“ на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…