Дома Топ вести БОМБА: Зидан го напушта Мадрид, од лето нова работа која не може да се одбие

БОМБА: Зидан го напушта Мадрид, од лето нова работа која не може да се одбие

Зинедин Зидан би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, пишуваат шпанските медиуми.

„Mundo Deportivo“ тврди дека легендарниот француски фудбалер ќе ја заврши сезоната во редовите на „Кралевите“, а од лето на местото на Дидие Дешамп ќе ја превземе селекторската позиција во репрезентацијата на Франција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Долго се зборува дека Зидан ќе биде нов селектор и дека ќе биде наследник на Дешамп. Тој има голема поддршка од Федерацијата на Франција, играчите, но и навивачите и постои голема можност токму тој да стане нов селектор“, пишува „Mundo Deportivo“.

Француската јавност се повеќе дава поддршка на Зидан. Исто така од другата страна Дидие Дешамп во моментов е под голем притисок и смеетат дека тој не може да го искористи максималниот потенцијал кој Триколорите го имаат.

Се е поизвесно дека Зидан од следното лето би можел да седне на клупата на Франција, земјата која ја предводеше до титула шампион на Европа (2000.) и светот (2006.).

Како тренер на Реал за кратко време Зидан освои апсолутно сите можни трофеи и работата во репрезентацијата би му донел нови предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…