Дома Останати Болт сигурен: Мојот рекорд уште долго нема да биде срушен

Болт сигурен: Мојот рекорд уште долго нема да биде срушен

Повеќекратниот oлимписки атлетичар, Јамајканецот Усеин Болт денес изјави дека неговиот рекорд на трките на 100 и 200 метри ќе остане на сила уште најмалку 15-20 години.

Болт е единствениот спринтер на трките на 100 и 200 метри кои освојувал три олимписки златни медали, ја заврши кариерата минатиот месец, после Светското првенство Лондон. Неговиот рекорд на 100 метри е со резултат 9.58, додека на трката на 200 метри 19.19 секунди. Двата резултати ги постигна во Берлин 2009 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека нема да бидат срушени долго време. Сметам дека нашата ера со Јохан Блеј, Џастин Гетлин, Асафа Пауел и останатите момци беше најдобра ера. Кога рекордот не беше срушен во оваа ера, мислам дека ќе остане на сила уште најмалку 15, 20 години“, изјави Болт.

Последното натпреварување на Болт не се одвиваше според планираното. После изненадувачкото трето место на трката на 100 метри каде што заврши зад Џастин Гетлин и Кристијан Колман, последнта трка во штафетата на 4×100 метри ја заврши со повреда на тетивата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…