Дома Фудбал Без преседан: Нема ни секунда одмор за Меси!

Без преседан: Нема ни секунда одмор за Меси!

Големата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси играл во секоја секунда од почетокот на сезоната, покажа статистиката која ја направи „Марка“.

Од почетокот на сезоната 2017/18 која за Каталонците стартуваше на 13-ти август, Меси одигра 1170 минути и веќе цели два месеци игра без престан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во ниту една од претходните сезони на „Камп Ноу“ Аргентинецот не започнал толку ударно и без минута одмор. Обично Меси се приклучува покасно на подготовките поради Светското првенство или Копа Америка.

Ова лето единствениот посериозен ангажман на „волшебникот“ беше свадбата која се одржа на 30-ти јуни. Потоа Меси започна да игра уште од Суперкупот на Шпанија и веќе има 15 постигнати гола оваа сезона.

Во сабота Каталонците ќе ја пречекаат Малага и најверојатно Меси ќе биде на теренот од првата минута, но готово сигурно Аргентинецот ќе одмара следната среда во Купот против тим од втората лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…