Дома Топ вести Барселона спрема „земјотрес“ – пристигнуваат две мега засилувања!

Барселона спрема „земјотрес“ – пристигнуваат две мега засилувања!

После поразот од Реал Мадрид на „Камп Ноу“ во Барселона се уклучи алармот. Управата, играчите и навивачите се на ист став дека повеќе нема време за чекање и мора да се донесат нови засилувања.

Само ден после „Ел Класико“, Барселона го договори трансферот на Паулињо за 40 милиони евра. Навивачите се скептични за овој трансфер бидејќи сметаат дека Бразилецот кој доаѓа од Кина не адекватно засилување за тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, навивачите на каталонскиот гигант изгледа брзо ќе се израдуваат дека Барселона спрема „земјотрес“ на пазарот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, и покрај противењето на нивните клубови, Филипе Кутињо и Осман Дембеле до крајот на преодниот рок ќе завршат на „Камп Ноу“.

Англиските медиуми тврдат дека Кутињо е спремен и на „штрајк“ и ризикува и да го преселат на трибини, но јасно му стави до знаење на раководството дека сака преселба во Барселона.

Слична е ситуацијата и со Дембеле. Германските папараци вчера го фатија како изнесува работи од својата куќа и се подготвува за преселба. Тој веќе со денови не тренира со „милионерите“ и чека зелено светло од клубот за трансфер во Каталонија.

Овој двоец клубот ќе го чини не помалку од 270 милиони евра, но јасно е дека со овие две засилувања Барса повторно ќе го има еден од најсилните тимови во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …