Дома Трансфер зона Барселона пресече: Нејмар е слободен играч, се чека ставот на УЕФА

Барселона пресече: Нејмар е слободен играч, се чека ставот на УЕФА

Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот е официјализиран во текот на попладневните часови денес, откако Барселона потврди дека ПСЖ ја платиле клаузулата за Нејмар.

Барселона се огласи со официјално соопштение во кое се наведува дека правните застапници на бразилскиот фудбалер во текот на ова попладне пристигнале и ја активирале откупната клаузула.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На сите им е познато дека ПСЖ за овој трансфер мораше да издвои 222 милиони евра, што е најголема сума воопшто платена за еден играч во историјата на фудбалот.

Во соопштението на Барселона се наведува дека договорот помеѓу клубот и играчот е раскинат по исплатата на откупната клаузула што значи дека Нејмар е од денес слободен да потпише договор со новиот клуб.

Важно е да се истакне и тоа дека во соопштението на Барселона стои дека УЕФА ќе ги добие сите неопходни документи врзани за овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…