Дома Топ вести Барса спреми план за после Нејмар – носи две ѕвезди и му нанесува удар на Реал!

Барса спреми план за после Нејмар – носи две ѕвезди и му нанесува удар на Реал!

Каталонскиот гигант Барселона има пеколен план доколку Нејмар ова лето се пресели во ПСЖ за неверојатна сума од 222 милиони евра.

Нејмар во својот договор има откупна клаузула од 222 милиони евра, сума што е подготвен да ја плати ПСЖ и со тоа да го собори светскиот рекорд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Бразилецот во текот на вчерашниот ден негираше дека ќе го напушти „Ноу Камп“, Барселона е подготвена да реагира доколку Бразилецот реши да замине во Париз.

Сумата од 222 милиони евра Барса ќе ја потроши на двајца играчи. Првиот е Марко Верати, италијанскиот репрезентативец од ПСЖ. Неговата цена на трансфер пазарот изнесува помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Вториот играч е „чудото од дете“ од Монако, Килијан Мбапе, за кого сериозен интерес покажува најголемиот ривал на Барселона, мадридски Реал.

Се претпоставува дека Монако би се согласил да го продаде младиот напаѓач за сума од околу 140 милиони евра.

Доколку Каталонците навистина го реализираат овој план, тогаш најголем „губитник“ може да биде Реал Мадрид кој ќе остане без најголемата желба – Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…