Дома Трансфер зона Барса пронајде замена за Нејмар, но доби брутален одговор!

Барса пронајде замена за Нејмар, но доби брутален одговор!

И додека во Барселона треперат бидејќи Нејмар би можел да го напушти клубот во тишината на задната врата тие се обиделе да ја решат ситуацијата. Како замената за него го гледаат Филипе Кутињо од Ливерпул, репрезентативниот колега на Нејмар.

Се работи за играч од сличниот профил, класична „десетка“ и со него многу добро би го покриле заминувањето на Нејмар. Се испланирале, подготвиле и испратиле на „Енфилд“ понуда тешка 80 милиони евра и добиле јасно и големо: НЕ! Кутињо е близок пријател со Нејмар и Суарез што во Барса го видоа како предност.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сите се сеќаваме на заминувањето на Фернандо Торес, Луис Суарез и Рахим Стерлинг од Ливерпул кој со години градеше имиџ на клубот во кој сите беа достапни. Ги продадоја Торес и Стерлинг на големите ривали, но со доаѓањето на Јирген Клоп тоа се промени. Тој на понудата на Барселона одговори со зборовите:

„Не сум шокиран со интересот на другите клубови за нашите играчи, но мораат да сватат дека веќе не сме клуб кој продава. Веруваме во единство и заедничко напредување. Филипе е многу важен играч за нас, напредваше и паметно игра во двете насоки“

Клаузулата во договорот на Бразилецот и Ливерпул не постои, па „Црвените“ можат да одлучат за тоа што ќе прифатат, а што не. Кутињо минатата сезона потпиша нов, петгодишен договор со клубот, а пред два месеци изјави дека сака да биде иднината на Ливерпул. Постигна 13 гола во Премиер лигата минатата сезона и е главен играч во играта на Јирген Клоп, а има само 25 години.

Освен одбивањето, Ливерпул работи и на доведување на Наби Кеита од Лајпциг, но тука Германците ги одбија за огромни пари. Последната понуда беше 70 милиони евра и тоа е најголемата работа на која работаат ова лето. Веројатно ќе биде и успешна, но Лајпциг не е лесен за преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…