Дома Топ вести Барса и Реал во трка за ѕвездата на Јуве – не прашуваат за цена!

Барса и Реал во трка за ѕвездата на Јуве – не прашуваат за цена!

Не е тајна дека нешто не штима во односот Јувентус – Пауло Дибала. Новиот договор сеуште не е потпишан, па шпанските медиуми од ден на ден се повеќе се сигурни дека аргентинската ѕвезда на лето ќе го напушти Торино.

Каталонските медиуми тврдат дека Дибала веќе разговарал со челните луѓе на Барселона, но и со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез. Тие два клуба се единствените опции за продожување на кариерата бидејќи Аргентинецот не сака преселба во Премиер лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Барселона го убедуваат да не избрзува со одлуката и дека во него не гледаат само алтернатива за триото МСН, туку играч на кого ќе го градат тимот во иднина. Наводно Дибала е поблиску до трансфер во Барса, а главна причина е неговиот сонародник Меси кој во него гледа свој наследник.

„Дибала е одличен играч. Не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Ние во Барса внимателно ја следиме ситуацијата на пазарот. Играчите како Дибала се под договор со своите клубови, но ние сме отворено и спремни да го засилиме тимот“, изјави директорот на Барса Роберт Фернандез.

Јувентус, за кого Дибала постигна 37 гола на 78 настапи и кој во него гледа лидер на тимот за следната сезона, не планира лесно да се откаже од него. Наводно Барса или Реал ќе мораат да платат повеќе од 100 милиони евра доколку сакаат да го видат Аргентинецот во своите редови.

И додека во Каталонија се внимателни и не сакаат да се залетуваат со астрономски понуди, според шпанските медиуми Реал е спремен за такво сценарио и на лето би можел да го сруши светскиот рекорд.

Имено, „кралевите“ се спремни да платат 80 милиони евра како обештетување и додатни 45 милиони во разни бонуси, со што вкупната вредност на Дибала ќе биде 125 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…